Вангел Жабев

  • PDF

Вангел Жабев го доби Националното спортско признание на РМ

vangel zabev 1 120Повеќекратните заложби на претседателот и генералниот секретар на НФСРИМ-МПК за дефинирање статусот на нашиот спортисти Вангел Жабев во однос на стекнувањето на правото на Национално спортско признание конечно вродија со плод. Имињата на Вангел Жабев и на Рагми Арифовски беа официјално објавени во Службен весник на РМ бр. 4 од 11.01.2012 година. Имено, врз основа на член 11 од Уредбата за определување на условите и начинот на доделување на национално спортско признание за врвно спортско остварување и висината на паричниот надоместок (,,Службен весник на Република Македонија,, бр. 127/2008), Агенцијата за млади и спорт, секоја година објавува ЛИСТА НА СПОРТИСТИ НА КОИ ИМ Е ДОДЕЛЕНО НАЦИОНАЛНО СПОРТСКО ПРИЗНАНИЕ.

Во Агенцијата за млади и спорт останува се уште не разрешен предметот за Митко Фидановски кој е носител на екипен бронзен медал од Европското првенство во стрелаштво што се одржа во Франција 1997 година.

You are here