Светски куп во стрелаштво - Сиднеј 2011 Ден 3

  • PDF

Оливера Наковска БиковаТрет ден - трета среќа за Оливера

Во тешка борба, во која за време на основниот дел имаше доста кризни моменти, на крај Оливера Наковска Бикова успеа да се пласира во финалето на делба на првото место (поточно беше прва по внатрешни центри).

Во финалето Оливера имаше еден несреќен истрел, како што самата вели - предолго нишананев и испралив со трзај, по што првото место беше недостижно бидејќи кореанката буквално не направи ниту една грешка.

Кај мажите, Ванчо Каранфилов имаше коректен основен дел кој, за жал, беше пропратен со неколку слаби истрели (што не е вообичаено) и влезе во финалето како шестопласиран. Првите три погодоци беа осумки, потоа Ванчо се консолидира, меѓутоа разликата неможеше да ја надополни и во финалната борба заврши како петтопласиран. Квотата ја однесе американецот кој го освои второто место.

Третиот наш натпреварувач - Бранимир Јовановски, на овој натпревар немаше контрола на нишанското поле. Толку грешки, колку што направи на овој натпревар, неможе да му се соберат за цела сезона. Меѓутоа, желбата за успех понекогаш предизвикува концентрацијата да оди и во нагорна, но и во надолна линија. Тоа му се случи на нашиот стрелец. Како што вели тој, за него тоа бил најтешкиот натпревар и најдолгите 1 час и 45 минути во последните 2 години.

Меѓутоа, кога ќе се сумираат резултатите, треба да сме задоволни. Тројцата наши натпреварувачи имаа по две финални борби, Оливера освои сребрен медал и четврто место на 50м, Бранимир - четврто место на 25м и петто на 50м, Ванчо петто во воздушен пиштол и осмо на 50м.

„Заврши уште еден светски куп на кој и покрај сите проблеми, направивме добар резултат, освоивме медал и бевме исклучително блиску до квота - и јас и Ванчо“ - вели Бранимир Јовановски - натпреварувач, селектор и тренер на Македонската репрезентација.

You are here