Успешен старт на нашите стрелци

  • PDF

alikante1На Светскиот куп во Аликанте - Шпанија, нашата стрелачка репрезентација имаше успешен старт. Репрезентацијата во состав: Оливера Наковска Бикова, Ванчо Каранфилов и Бранимир Јовановски, во својот прв настап го освоија третото место во конкуренција на преку 240 учесници од 44 држави. Овој Светски куп е најголем во историјата на Меѓународниот Параолимписки Комитет.

Денес нашите стрелци ќе го имаат својот втор настап. Веруваме дека до крајот на денот, ќе се израдуваме уште од некој висок пласман.

  alikante1

You are here