Квалификации за репрезентација

  • PDF

Квалификации за состав на репрезентација во стрелаштво

logompkmaloПрв повикувачки турнир за состав на македонската репрезентација во стрелаштво за инвалиди за претстојните меѓународни натпревари се одржа на 22.01.2011 година на стрелиштето во Кисела Вода, Скопје. На турнирот беа повикани: Ванчо Каранфилов, Оливера Наковска-Бикова, Лидија Крстеска и Тони Митровски.
Оливера Наковска-Бикова се уште е на терапевтски третман и воспалителниот процес се уште не и е целосно саниран, така да истата од страна на селекторот Бранимир Јовановски беше ослободена од обврските за учество на турнирот.

            Заради болки во рамото натпреварот не го заврши и стрелецот Тони Митровски кој по истрелани 40 истрели (во негова дисциплина се стрелаат 60 истрели) се откажа заради силни болки во регијата на десното раме.

            Натпреварот го завршија стрелците Ванчо Каранфилов  и Лидија Крстеска со резултати над минимум олимписките норми во нивните дисциплини (кај мажи 545 кругови, кај жени 347 кругови).

Резултати:

Име и Презиме Град 1 2 3 4 5 6 Квалификации Финале  Вкупно 
 Ванчо Каранфилов   Скопје   94   90   92   94   93   93  556 97,5 653,5
 Лидија Крстевска   Скопје  86 88 87 89 / / 350 96,7 446,7
 Тони Митревски   Скопје  88 83 87 82 / / 340 DNS DNF

Селекторот Јовановски истакна дека за учество на Светските купови кои се од квалификациски карактер за учество на Параолимписките игри во Лондон 2012 година, а тоа се: Аликанте 02-09.05.2011, Форт Бенинг ноември 2011 и Сиднеј 11-21.11.2011 година, ќе се бара од стрелците најмалку два пати да постигнат резултат во висина на резултатот за освоеното 5-то место од Светското првенство кое се одржа минатата година во Загреб, односно за дисциплината воздушен пиштол жени 364 кругови, воздушен пиштол мажи 564 кругови, спорт пиштол микс 562 кругови и пиштол слободен избор 532 кругови. Доколку ниеден стрелец не стрела во висина на поставените норми, селекторот ќе предложин а Извршниот одбор на НФСРИМ-МПК да одлучи кој стрелец или стрелци ќе учествуваат на наведените Светски купови.

            Следниот турнир ќе се одржи кон крајот на месец фебруари, исто така на стрелиштето во Кисела Вода, Скопје. Се надеваме дека сите спортисти ќе бидат во добра здравствена кондиција.

            Третиот турнир ќе се одржи на почетокот на месец март и четвртиот (во малокалибарски дисциплини) кон средината на месец март 2011 година.

            Првиот Светски куп со директни квоти за учество на Параолимписките игри во Лондон 2012 ќе се одржи од 02-09.05.2011 година во Аликанте, Шпанија и само на првопласираните спортисти по дисциплини ќе им се додели квота, која всушност е квота за држава, а не за самиот стрелец. Понатаму селекторот, стручниот штаб и Извршниот одбор на Македонскиот параолимписки комитет одлучува кој стрелец во олимписката година е во најдобра форма и со самото тоа ќе ја искористи квотата и ќе настапи на Параолимписките игри.
You are here