Атлетика

  • PDF

Ифаим Љута ќе учествува на 4-ти Светски игри за слепи и слабовидни во Анталија

Ифраим ЉутаКандидатот на Македонскиот параолимписки комитет за учество на Параолимписките игри во Лондон 2012, слабовидниот атлетичар Ифраим Љута и неговиот тренер, воедно и селектор на репрезентацијата Крсто Серафимовски, ќе учествуваат на 4-те Светски игри на ИБСА (International Blind Sports Association) кои ќе се одржат во Анталија, Турција од 01-10.04.2011 година.



Крсто СерафимовскиСелекторот планира да го пријави атлетичарот Ифраим Љута за настап во спринтерските дисциплини на 200м и 400м во класата Т-13.

Настапот на ова првенство е можност Ифраим Љута да освои норма за учество на следните параолимписки игри. За да ја исполни задачата, Ифраим ќе мора да истрча во голем стил и во недостаток на минимум норми (се уште не се објавени) ќе мора да постигне резултати подобри отколку нормите по дисциплини кои важеа за Пекинг 2008 и тоа:

200м – А норма 23,30 или Б норма 23,90 секунди

400м – А норма 52,00 или Б норма 55,00 секунди
You are here