Пинг-понг - Програма 2013

  • PDF

Пинг понг - Програма 2013

Подготвил: Страшко Коцевски, селекторот и тренер на Репрезентацијата на РМ во пинг понг за инвалиди.

Во Програмата за реализација на активноста во пинг понг при НФСРИМ-МПК за 2013 година се планира:

  1. Настап на 2-3 меѓународни натпревари со учество на 4-5 спортисти;
  2. Заеднички подготовки
  3. Месечен тренажен процес;
  4. Зајакната исхрана и витаминизација;
  5. Спортска опрема;

А) Учество на 2 меѓународни натпревари со 4-5 спортисти  

  • “10th Slovenia Open - For class 1-11 players”, Лашко, Словенија 07-12.05.2013;
  • „European Regional Championships - For class 1-11 players”, Лигнано, Италија 29.09-05.10.2013;

Б) Заеднички подготовки

- Февруари:       Од 10 дена за 4-5 лица во Струмица;

- Април:            10 дена подготовки Прилеп 4 лица, и настап Словенија;

- Септември:     10 дена заеднички подготовки Скопје и настап во Италија;

Ц) Месечен тренажен процес

Во текот на 2013 година се планираат од 8-12 тренинга во месецот кои би се спроведувале во Куманово, Скопје и Прилеп од месец јануари до месец август.

Д) Витаминизација

За зајакната исхрана и витаминизација на спортистите треба да се предвиди сума од 30.000,00 денари. 

Е) Спортска опрема

За квалитетно спроведување на тренажниот процес, но и за поуспешно учество на нашите спортисти на претстојните натпревари потребно е да се набават:

- 6 пара патики за пинг понг;

- 6 пара пинг понг дресови (шорцеви и маици);

- 6 пара тренерки;

- 12 пари чорапи;

- 6 ранци;

- 6 маици за тренинг.

You are here