|
Напишано од Administrator
|
|
23.11.2007. |
Мисија, цели и активности  Федерацијата за спорт и рекреација на инвалидите на Македонија е спортска, доброволна, општествено-хуманитарна организација, формирана 1965 година, чија основна цел е да ги развива, креира, обединува и репрезентира спортско-рекреативните активности на сите инвалидизирани лица на територијата на Република Македонија, без оглед на видот, степенот и карактерот на инвалидноста, како и причините за настанување на инвалидитетот. Покрај запишувањето во Регистарот на Здруженија на граѓани и фондации, од страна на Агенцијата за млади и спорт, ФСРИМ има добиено Решение за обавување на дејност спорт, согласно Законот за спорт.  Федерацијата за спорт и рекреација на инвалидите на Македонија (во понатамошен текст ФСРИМ), својата активност ја спроведува согласно своите норми, пропозиции и критериуми како и нормите, пропозициите и критериумите на Меѓународниот параолимписки комитет чија членка е од 1994 година кога на Генералното Собрание во Токио со акламација е примена за редовна членка. ФСРИМ при организирање и спроведување на своите активности тесно соработува со Агенцијата за млади и спорт на РМ, Националниот совет на инвалидските организации на Македонија, Сојузот на спортски федерации на Македонија. ФСРИМ соработува и со други заинтересирани органи, организации и институции во државата и надвор од неа, заинтересирани за развојот на спортот на лицата со инвалидност. ФСРИМ работи на масовна и систематска психофизичка рехабилитација со лицата со инвалидност по пат на спортување и спортска рекреација со цел за сочувување, јакнење и подобрување на здравствената состојба на преостанатите моторички способности кај инвалидизираните лица, како и нивно активно и рамноправно вклучување во општествениот и стопанскиот живот на Република Македонија. За што поуспешно извршување на програмските активности, ФСРИМ има формирано општински Сојузи за спорт и рекреација на инвалиди во 20 општини. Истите, според географската местоположба, се регионализирани во три региони. Со оглед на тоа дека се работи за спортска организација, голем дел од членовите се млади особи (14-30 г.) но за жал истите не се опфатени со тренажен процес во своите општини во доволна мера, пред се поради финансиските потешкотии во кои се наоѓа ФСРИМ, но и недостаток на стручни кадри и спортски објекти за спроведување на активностите.
|
|
Последно ажурирање ( 9.07.2009. )
|