Заеднички подготовки на Македонија и Србија PDF Испечати Е-пошта
Напишано од Administrator   
13.05.2008.
Параолимписките репрезентации на македонија и Србија имаа заеднички подготовки во Охрид во период од 18-22.04.2008 година. На подготовките учествуваа 7 натпреварувачи од Србија и 4 натпреварувачи од Македонија. На подготовките учествуваа вкупно 8 натпреварувачи во пиштол и 3 натпреварувачи во пушка. Во рамките на подготовките беше спроведен и официјален натпревар наречен „Македонија Опен 2008“. Во дисциплината воздушна пушка сите три први места ги освоија спортистите од Србија: Синиша Видиќ, Јелена Пантовиќ и Снежана Николиќ, додека во дисциплината воздушен пиштол првото место го освои Александар Јанда од Србија, второто Оливера Наковска Бикова од Македонија и третото Жика Папаз од Србија. Подготовките и натпреварот се одржаа на стрелиштето Беј Бунар во Охрид, а трошоците за сместување и исхрана беа на терет на Федерацијата за спорт и рекреација на инвалидите на Македонија – Македонски Параолимписки комитет. Очекуваме возвратна покана од Параолимпискиот комитет на Србија за спроведување на ваков тип на подготовки на територијата на Србија.
Последно ажурирање ( 26.07.2008. )
 
Меѓународниот турнир во пинг-понг „Лашко 2008“ PDF Испечати Е-пошта
Напишано од Administrator   
13.05.2008.
Македонските пингпонгари Миодраг Игњатовиќ, Томи Јаневски и Марјан Зафировски учествуваа на меѓународниот турнир кој се одржа од 29.04-04.05.2008 година во Лашко Словенија.
Двајца наши спортисти се стекнаа со меѓународна класификација и тоа Миодраг Игњатовиќ кој беше класифициран во класата 3 на играчи во колички и Марјан Зафировски кој беше класифициран во класата 7 играчи во стоечка конкуренција. Во класата 7 минатата година беше класифициран и третиот наш учесник на овој турнир Томи Јаневски.
Нашите спортисти во категоријата Опен ги завршија своите борби уште во првото коло. Миодраг Игњатовиќ беше елиминиран од Том де Гројв од Белгија со резултат од 0:3 во сетови, Марјан Зафировски беше елиминиран со ист резултат од британецот Џозеф Стоутсбери, како и Томи Јаневски од Емил Губица од Хрватска.
Во натпреварите по класи, во класа 3 имаше 38 натпреварувачи поделени во 10 групи. Миодраг Игњатовиќ ги загуби сите натпревари со резултат 0:3 од противниците во групата Д: Јан Гуртлер од Германија, Ким Јонг Сеок од Кореја и Мигел Родригез од Шпанија.
Во класата 7 се натпреваруваа 23 натпреварувачи поделени во 6 групи. Марјан Зафировски ги загуби сите натпревари во групата Б со резултат од 0:3 и тоа од: Стефан Меси од Франција, Дитер Мајер од Германија и Михаил Морозов од Русија.
Томи Јаневски настапи во истата класа во групата Д и ги загуби сите натпревари со резултат 0:3 од: Хорди Моралес од Шпанија, Збинет Ламберт од Чешка и Будимир Малешиќ од Србија.
Екипно нашите натпреварувачи Марјан Зафировски и Томи Јаневски настапија во класата 7 со репрезентациите на Германија, Чешка и Белгија и ги загубија сите натпревари во групата со резултат од 0:3. Во конкуренција беа 11 екипи поделени во три групи.
Последно ажурирање ( 26.07.2008. )
 
Настап на атлетичарите на меѓународни првенства PDF Испечати Е-пошта
Напишано од Administrator   
13.05.2008.
Покрај спортистите стрелци, на Параолимписките игри се надеваме дека ќе учествува и атлетичарот Ифраим Љута од Тетово за кого е побарана вајлд карта. Тој заедно со својот тренер Далибор Спасовски во април месец годинава беше на десет дневни подготовки во Софија, а заедно со нашиот спортист Александар Талески, предводени од селекторот Крсто Серафимовски од 23-25.05.2008 година ќе учествуваат на отвореното првенство на Хрватска во Ријека.
Ифраим Љута и неговиот тренер Далибор Спасовски ќе учествуваат и на отвореното првенство на Германија што ќе се одржи во Берлин од 12-14.06.2008 година.

Последно ажурирање ( 26.07.2008. )
 
14-ти Меѓународен „Хесенпокал 2008“ PDF Испечати Е-пошта
Напишано од Administrator   
13.05.2008.
Македонската репрезентација во стрелаштво за инвалиди во состав: Бранимир Јовановски, Ванчо Каранфилов и Оливера Наковска Бикова, ќе учествува на 14-то Отворено првенство на Германија “Хесенпокал 2008” што од 15-18.05.2008 година ќе се одржи во Бад Орб - Германија. Ова е исклучително силен турнир на кој ќе учествуваат повеќето од натпреварувачите во стрелаштво кои ќе учествуваат на Параолимписките игри во Пекинг и воедно првиот тест за нашите натпреварувачи - параолимпијци за формата во која во моментот се наоѓаат. Седствата за учество на овој натпревар се обезбедени од Агенцијата за млади и спорт, а нашите параолимпијци за прв пат ќе настапат со новото оружје во дисциплините воздушен пиштол и малокалибарски пиштол слободен избор кое исто така е набавено од средствата наменски обезбедени од Агенцијата за млади и спорт.
Од спортистите се очекуваат високи пласмани и потврда на нивните исклучително високи спортски квалитети преточена преку освојување на барем еден медал од овој натпревар на кој се очекува учество на натпреварувачи од преку 25 држави од светот.
Ова претставува прв тест на нашите параолимпијци – стрелци. Следниот би требало да се случи во период од 23-28.06.2008 година на првенството на Југоисточна Европа што ќе се одржи во Белград, Србија.


Последно ажурирање ( 26.07.2008. )
 
 

Агенција за млади и спорт на РМ

 

 

Меѓународен Параолимписки Комитет

Национален совет на инвалидски организации на РМ