|
Обновено оружјето на параолимпијците |
|
|
|
|
Напишано од Administrator
|
|
29.03.2008. |
Деновиве пристигна и втората пратка на опрема за параолимпијците - стрелци, малокалибарските пиштоли ТОЗ-35, така да благодарение на средствата што наменски ги обезбеди Агенцијата за млади и спорт на РМ, на која од се' срце и несебично и' се заблагодаруваме, нашите спортисти конечно ќе можат да стрелаат со ново и сопствено оружје, а не како досега - со старо, амортизирано и позајмено оружје. Секако ќе биде потребен одреден период за да се навикне оружјето, но има доволно тренажни денови до Пекинг, па ако нашите стрелци можеа да постигнуваат исклучително високи резултати и да освојуваат медали ширум светот со старо оружје, не ја гледаме причината тоа да продолжат да го прават и со новото. Како и да е, времето ќе покаже дали „Секоја пушка во рацете на јунакот е убоита“. |
|
Последно ажурирање ( 13.05.2008. )
|
|
|
Започнаа подготовки за Пекинг 2008 |
|
|
|
|
Напишано од Administrator
|
|
29.03.2008. |
|
Македонските параолимпијци - стрелци: Оливера Наковска Бикова, Ванчо Каранфилов, Бранимир Јовановски, како и атлетичарот Ифраим Љута, ги започнаа подготовките за учество на Параолимписките игри во Пекинг 2008 година. За жал, по којзнае кој пат мораме да констатираме дека средства за подготовки нема во доволна количина, така да покрај непреченото спроведување на тренажниот процес, паралелно ќе мора да се вложуваат силни напори за обезбедување на средства за покривање на тие подготовки и учество на меѓународни контролни натпревари. Она што е сигурно е дека стрелците ќе учествуваат на меѓународниот турнир кој ќе се одржи од 13 - 18.05.2008 година во Бад Орб, Германија, додека атлетичарите ќе учествуваат на меѓународниот турнир во Риека, Хрватска од 24 - 26.05.2008 година. Исто така е извесно дека благодарение на разбирањето на ИО на СТИЛМ, нашите најдобри спортисти - стрелци во период од 11 - 20.08.2008 година, за време на подготовките во Охрид, ќе бидат сместени во репрезентативната гарсоњета. Се' друго е неизвесно. |
|
Последно ажурирање ( 26.07.2008. )
|
|
|
Меѓународен турнир во Лашко, Словенија |
|
|
|
|
Напишано од Administrator
|
|
29.03.2008. |
|
Македонските пинг-понгари Миодраг Игњатовиќ, Томи Јаневски и Марјан Зафировски, ќе учествуваат на меѓународниот турнир кој ќе се одржи од 29.04 - 04.05.2008 година во Лашко, Словенија. Наведените спортисти потребните средства за учество на овој турнир ги обезбедија од спонзори, а на турнирот се очекува да учествуваат, заради подготовки и контролни натпревари, поголем број на учесници на Параолимписките игри во Пекинг 2008 година. Нашите спортисти покрај стекнување на меѓународно искуство, бидејќи освен Тони Јаневски кој минатата година учествуваше на Европското првенство во Словенија, Миодраг Игњатовиќ и Марјан Зафировски се дебитанти, ќе се стекнат и со меѓународна класификација. Да им посакаме убав пат, пријатен престој и спортски резултати од натпреварот. |
|
Последно ажурирање ( 13.05.2008. )
|
|
|