|
|
Државно првенство во стрелаштво |
|
|
|
|
Напишано од Administrator
|
|
14.12.2007. |
|
Одржано Државно првенство во стрелаштво На 01.12.2007 година на спортското стрелиште “Беј Бунар” во Охрид се одржа Државното првенство во стрелаштво со воздушно оружје за спортисти со инвалидност во организација на Федерацијата за спорт и рекреација на инвалиди на Македонија – Македонски параолимписки комитет, на кое зедоа учествуво најдобрите 31 стрелци кои се натпреваруваа поделени во пет категории во дисциплините: сериска воздушна пушка и воздушен пиштол. Федерацијата за спорт и рекреација на инвалидите на Македонија – Македонски параолимписки комитет, одржувањето на ова Државно првенство го посвети во чест на одбележување на меѓународниот ден на инвалидите, “3-ти Декември”. Резултати |
|
Последно ажурирање ( 15.12.2007. )
|
|
|
Спортист на годината 2007 во изброр на ФСРИМ - МПК |
|
|
|
|
Напишано од Administrator
|
|
14.12.2007. |
|
Бранимир Јовановски - “Најдобар спортист” за 2007 година на ФСРИМ - МПК Федерацијата за спорт и рекреација на инвалидите на Македонија – Македонски Параолимписки Комитет на 20.12.2007 година во 12 часот во просториите на ДХО “Даре Џамбаз” во Скопје, изврши прогласување на најдобрите спортисти за 2007 година во меѓународна и домашна програма.
За „Најдобар спортист“ беше прогласен Бранимир Јовановски (205 поени), на второто место е прогласен Ванчо Каранфилов (195 поени) и на третото место беше прогласена Оливера Наковска Бикова (110 поени). За најдобри спортисти од домашни првенства беа прогласени: Оливера Наковска Бикова, Вергита Сули и Лилјана Мицовска, сите со освоени 18 поени. Спортистите и стручните лица од ФСРИМ - МПК се најдоа и на листата на најдобри спортисти и тренери на изборот за „Најдобар спортист на Македонија“ во организација на Агенција за млади и спорт, Сојуз на спортски федерации на Македонија, Факултет за физичка култура и Македонски Олимписки Комитет, што се одржа на 24.12.2007 година во хотелот „Холидеј Ин“ - Скопје. На овој избор, Оливера Наковска Бикова, за освоеното второ место на Европското првенство во стрелаштво во дисциплината воздушен пиштол, го освои шестото место на листата на најдобрите спортисти сениори/ки, а нејзиниот тренер - Бранимир Јовановски се најде на второто место на листата на најуспешни тренери на Македонија за 2007 година. |
|
Последно ажурирање ( 30.12.2007. )
|
|
|
Напишано од Administrator
|
|
14.12.2007. |
|
Нарачани три пиштоли Steyr LP 10 за македонските параолимпијци На состанокот одржан на 14.08.2007 година, директорот на Агенцијата за млади и спорт, г-дин Ивица Георгиевски, вети дека ќе обезбеди средства за набавка на ново оружје за настап на македонската репрезентација во стрелаштво за инвалиди на Параолимписките игри што ќе се одржат во Пекинг од 06 -17.09.2008 година. Се очекува на Параолимписките игри во спортско стрелаштво да настапат: Оливера Наковска Бикова, Ванчо Каранфилов и Бранимир Јовановски. |
|
Последно ажурирање ( 26.02.2008. )
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
Напишано од Administrator
|
|
14.12.2007. |
|
Македонските параолимпијци учествуваа на 32-то Интернационално првенство на Белград Македонската репрезентација во стрелаштво за инвалиди во состав: Оливера Наковска Бикова, Ванчо Каранфилов, Тони Митровски и Лидија Крстеска, предводени од тренерот и селектор Бранимир Јовановски, на 08-09.12.2007 година настапија на 32-то Интернационално првенство на Белград. Ова првенство има долга традиција, но оваа година за прв пат на првенството учествуваа и спортисти со инвалидност. |
|
Последно ажурирање ( 15.12.2007. )
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|