tokyo2020 
Параолимписки игри во Токио 2020 25.08.2020 21:00 84 денови

Пријава за млади спортисти

Статистика

Гледања на содржината : 1820121
ПОДЕЛЕНИ 76 (ОД ВКУПНО 154) ДИРЕКТНИ КВОТИ ВО СТРЕЛАШТВО ЗА ПАРАОЛИМПИСКИ ИГРИ ВО ТОКИО 2020

-Tokyo 2020 Paralympic Games Quota Distribution-76 direct quota (out of 154) was distributed in sport shooting for Paralympic Games in Tokyo 2020

На Светското првенство што се одржа во Чеонгју, Кореја во 2018 година, Светскиот куп во Шатони, Франција во 2018 година и штотуку завршениот Светски куп во Ал Аин, ОАЕ, 76 спортисти од 29 параолимписки комитети освоија директни квоти за своите држави за учество на Параолимписките игри во Токио 2020. Меѓу нив е и Македонскиот параолимписки комитет и нашата спортистка, Оливера Наковска-Бикова.

Најмногу директни квоти имаат исиено стрелците од Кореја, вкупно 10, потоа стрелците од Кина со 9 квоти а на третото место е Украина со 7 квоти.

Согласно пропозициите, една држава може да освои максимално 12 квоти, од кои максимално 8 по пол (машки или женски). Само спортистите од Кореја го имаат исполнето максимумот по пол, осносно досега имаат освоено 8 квоти во конкуренција на мажи. Според бројот на освоени квоти по пол, на второ место е Кина со 6 квоти во машка конкуренција и Украина, со 5 квоти во машка конкуренција. Во женска конкуренција состојбата е поинаква, односно најмогу квоти има освоено Кина (3 квоти) и во таа конкуренција претстојат жестоки борби за квоти.

Следен и претпоследен настан на кој ќе се освојуваат квоти е Светското првенство во Сиднеј, Австралија во октомври 2019 година. Во пиштолските дисциплини бројот на квори кои ќе бидат доделени е следниот:
П1-воздушен пиштол мажи, 3 квоти
П2-воздушен пиштол жени, 2 квоти
П3-спорт пиштол, 4 квоти (2 најдобро пласирани мажи, една најдобро пласирана жена и еден најдобро пласиран без оглед на пол).
П4-пиштол слободен избор 4 квоти (2 најдобро пласирани мажи, една најдобро пласирана жена и еден најдобро пласиран без оглед на пол).

Ќе биде тешко, но тоа е и добар мотив за нашите спортисти на кои ќе им треба целосна поддршка во нивниот тренажен процес. Сето ова го доставивме до Агенцијата за млади и спорт, очекуваме повторен состанок со директорот и со секторот за спорт при Агенцијата за млади и спорт, спортистите се во добра здравствена и тренажна кондиција и се надеваме на најдобро.

Како и да е, работите полека се кристализираат и најдобрите го пробиваат патот за настап на најголемиот светски настан за спортистите со инвалидност во 2020 година, Параолимписките игри во Токио.

Подолу во линкот можете да го видите шематскиот приказ на освоените квоти по држави, како и листата на спортисти кои ги освоите квотите (тие повеќе немаат можност да освојат квота до крајот на циклусот).

 
КОНТРОЛЕН НАТПРЕВАР НА МАКЕДОНСКИТЕ ПАРАОЛИМПИЈЦИ И СТРЕЛЦИТЕ НА СК РАБОТНИЧКИ 25.02.2019

CONTROL COMPETITION OF THE MACEDONIAN SHOOTERS PARAOLYMPIANS AND THE SHOOTERS OF the SHOOTING CLUB RABOTNICHKI

На 25.02.2019 година се одржа контролен натпревар на kој настапија македонските стрелци-параолимпијци и стрелците на СК Работнички од СКопје.
Постигнати се извонредно високи резултати. Можеби стрелците беа инспирирани од високите резултати на нивните колеги на Светскиот куп во Ал Аин, и сега, како на тренер и селектор ми е уште поголема мака што не успеавме да обезбедиме средства да учествувавме таму.
Како и да е, имаме уште многу работа до следниот натпревар во Хановер.

Повеќе...
 
СВЕТСКИ КУП ВО СТРЕЛАШТВО ВО АЛ АИН 2019

1Квалификацискиот Светски куп во стрелаштво во Ал Аин 2019, на кој беа поделени 17 директни квоти за учество на Параолимписките игри во Токио 2020, заврши.
За жал, заради недостаток на средства, македонските спортисти не учествуваа на овој престижен спортски настан во 2019 година.
210 спортисти од 44 држави кои настапија на купот покажаа извонредни перформанси подобрувајќи и изедначувајќи 4 сениорски и 3 јуниорски светски рекорди. Честитки за нивните високи спортски дострели и честитки до сите спортисти кои освоија директна квота за Токио 2020.
Овде ќе ги набројам само резултатите по дисциплини на првопласираниот и осмопласираниот спортист, а преку фотографиите ќе можете да ги видите резултатите до 14 место. Целосните резултати можете да ги видите на веб страницата наhttp://results.sius.com/Events.aspx…
ВОЗДУШЕН ПИШТОЛ-мажи: првиот 579 WRJ, осмиот 562;
ВОЗДУШЕН ПИШТОЛ-жени: првата 577 WR, осмата 549;
СПОРТ ПИШТОЛ: првиот 583, осмиот 563;
СЛОБОДЕН ИЗБОР: првиот 553, осмиот 533, а во оваа дисциплина во елиминации беше изедначен светски рекорд EQWR 554 кругови.
ВОЗДУШНА ПУШКА-мажи:првиот 623,8, осмиот 617,7
ВОЗДУШНА ПУШКА-жени: првата 625,0, осмата 616,0

Повеќе...
 
«ПочетокПред12345678910СледноКрај»

Страница 3 од 60
 

 

ams 
 
 mtsp
 
logoipc1
 
nsiom

Листа на забранети супстанци и методи за 2019 година

logo