tokyo2020 
Параолимписки игри во Токио 2020 25.08.2020 21:00 84 денови

Пријава за млади спортисти

Статистика

Гледања на содржината : 1820110
Светската рекордерка Наковска-Бикова обезбеди норма за ПОИ 2020

Стрелечката Оливера Наковска-Бикова засега е единствената Македонка што ја има исполнето нормата за настап на Параолимписките игри (ПОИ) во Токио во 2020 година.
Тоа ѝ успеа на Светското првенство (СП) во Чеонгју (Јужна Кореја), во мај минатата година, во дисциплината пукање со воздушен пиштол од 25 метри. Таа во квалификациите со 570 погодени круга го израмни светскиот рекорд, во конкуренција на 31 натпреварувачка, а во финалето го освои бронзениот медал.
Настапот во Токио ќе ѝ биде петти во низа на ПОИ, а во Лондон во 2012 година Наковска-Бикова го освои златниот медал со воздушен пиштол (10 метри). Во минатото медали од ПОИ освојуваа и Бранимир Јовановски (злато во 1992 година во Барселона) и Ванчо Каранфилов (сребро во 2004 година во Атина).
– Можност да исполнат норми во стрелаштво имаат уште Александар Јовановски и Ванчо Каранфилов. Тие шансата за директен пласман ќе ја бараат на светските првенства во Сиднеј годинава и во САД в година, како и на светските купови – ни изјави селекторот Бранимир Јовановски. Г.И.

 
КОНТРОЛЕН НАТПРЕВАР НА МАКЕДОНСКИТЕ ПАРАОЛИМПИЈЦИ И СТРЕЛЦИТЕ НА СК РАБОТНИЧКИ 27.02.2019

1И денес одлични резултати. Честитки за стрелците. Со денешниот контролен се заокружи циклусот на контролни натпревари за параолимпијците за настап на следниот меѓународен куп.
1.Оливера Н. Бикова 94,93,94,98,95,99=573
2.Мирослав Славковиќ 94,92,91,95,97,95=564
3.Александар Јовановски 93,95,93,94,94,95=564
4.Ванчо Каранфилов 92,94,91,95,95,96=563
5.Блаже Тофиловски 85,92,93,94,94,92=550
6.Стефан Стојковски 85,89,89,90,81,88=522

Повеќе...
 
ИНТЕРАКТИВНА СРЕДБА ВО БИТОЛА

1Иднината им припаѓа на натпреварувачите со големо срце
ОЛИВЕРА НАКОВСКА- БИКОВА
Биди добар, биди подобар…стани најдобар“


Под ова мото ,учениците од петто-2 и петто-4 одд.од ОУ „Ѓорѓи Сугарев“-Битола, со своите наставнички Наташа Тодоровска и Билјана Рахманова -Тасева имаа интерактивна средба со македонската параолимписка шампионка во стрелаштво, Оливера Наковска Бикова.
Настанот беше организиран на 28.02.2019 година во училишната библиотека со цел да се запознаат учениците со еден врвен спортист од Битола и Македонија, со нејзините постигнувања на светско ниво и како со труд се постигнуваат највисоки резултати во спортот.
Со својата скромност и емотивност во искажувањата Оливера ги освои срцата на љубопитните ученици и им раскажуваше за нејзините почетоци во стралаштвото кои почнаа во средно економско училиште. Со помош на видеоматеријали и фотографии од голем дел од нејзините постигнувања на екропски и светски првенства, параолимписки игри, успешно им ги доближи своите дострели, пред се објаснувајки го самиот чин на подготовки и тренинзи за големите натпреварувања.
Иако тренира во скромни услови кои ги обезбедиле пред повеќе од 20 год. таа воопшто не се пожали на тоа,туку на децата им објасни дека ако се сака нешто да се постигне,не требаат идеални услови туку многу труд и да се одвојува доволно време за тренинг. Резултатите потоа сами ке си дојдат. Таа идната година ќе учествува на (за неа петти) параолимписки игри по ред, овојпат во Токио 2020. Децата беа фасцинирани и од оваа информација.

Повеќе...
 
«ПочетокПред12345678910СледноКрај»

Страница 2 од 60
 

 

ams 
 
 mtsp
 
logoipc1
 
nsiom

Листа на забранети супстанци и методи за 2019 година

logo