tokyo2020 
Параолимписки игри во Токио 2020 25.08.2020 21:00 84 денови

Пријава за млади спортисти

Статистика

Гледања на содржината : 1820073
I КУП НА МАКЕДОНИЈА ВО СТРЕЛАШТВО

1Денес, 04.11.2018 године, на стрелиштето во Кисела Вода, во Скопје, во организација н ССРИ Кисела Вода, се одржа првиот Куп (од предвидените три) на Македонија во стрелаштво за спортисти со инвалидност.
Натпреварувачите се натпреваруваа во 3 категории: 
-Воздушен пиштол (микс) меѓународна програма 60 истрели, 
-Сериска воздушна пушка - мажи 20 истрели и 
-Сериска пушка жени, 20 истрели.

Овие натпревари дополнително претставуваат и контролни натпревари кои ќе му послужат на селекторот при избор на репрезентацијата на Македонија за учество на меѓународни првенства, а исто така и бодовите кои ќе ги освојат спортистите, на крајот на Куп натпреварите ќе придонесат во рангирањето на клубовите за финансирање од Агенцијата за млади и спорт за 2019 година.

Во фер и коректна атмосфера, беа постигнати следните резултати:

Повеќе...
 
ЛИГА НА МАКЕДОНИЈА ВО ПИНГ ПОНГ 2018 (први 2 кола)

1На 27.10.2018 година се одржаа првите две кола од Лига на Македонија во пинг понг за спортисти со инвалидност. Домаќин на натпреварот беше Сојузот за спорт и рекреација на инвалиди Куманово, главен судија Мики Трендафиловски, комесар на лигата Драган Дојчиноски, а натпреварот го отвори Генералниот секретар на Општинскиот сојуз на спортови Куманово, Александар Димковски, кој во името на градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски ги поздрави присутните спортисти и им посака фер и коректна борба, како и успех.

На табелата по две одиграни кола, на делба на првото место се наоѓаат екипите на ССРИ Куманово и ССРИ Кисела Вода-Скопје, третото место го делат екипите на ССРИ Прилеп и ССРИ Битола со по 2 поена, додека петтото место го делат екипите на ССРИ Струмица и ССРИ Скопје II, без освоени поени.

Повеќе...
 
КОНТРОЛНИ НАТПРЕВАРИ НА МАКЕДОНСКИТЕ ПАРАОЛИМПИЈЦИ-СТРЕЛЦИ

2Македонските стрелци се подготвуваат за натпреварите кои следат, Европско првенство во стрелаштво со воздушно оружје во Белград 01-07.12.2018 година и Светскиот куп во Ал Аин, ОАЕ од 13-24.02.2019 година.

На контролниот натпревар на 22.10.2018 година:
Во Битола:
1. Оливера Наковска Бикова 95, 93, 96, 94, 93, 96 = 567
Во Скопје:
1. Александар Јовановски 93, 96, 94, 91, 98, 91 = 563
2. Ванчо Каранфилов 90, 97, 94, 95, 92, 93 = 561

Повеќе...
 
«ПочетокПред12345678910СледноКрај»

Страница 8 од 60
 

 

ams 
 
 mtsp
 
logoipc1
 
nsiom

Листа на забранети супстанци и методи за 2019 година

logo