tokyo2020 
Параолимписки игри во Токио 2020 25.08.2020 21:00 84 денови

Пријава за млади спортисти

Статистика

Гледања на содржината : 1820058
Индивидуални спортисти на НСФРИМ-МПК кои можат да бидат корисницина средства од даночно поттикнување по Закон за добивка од добивката за 2019 година

Ред.

Бр.

Име и презиме на спортистот

Год. на раѓање

Клуб

Најдобар резултат и пласман: натпревар, дисциплина, спортско технички резултат и пласман

 

Оливера Наковска-Бикова

1974

ССРИ Битола

Трето место на Светско првенство во стрелаштво квота за Параолимписки игри во Токио 2020, поставен нов светски рекорд, 7мо место на Европско првенство

 

Бранимир Јовановски

1961

ССРИ Куманово

Учество на Светско и Европско првенство во стрелаштво

 

Ванчо Каранфилов

1956

ССРИ Кисела Вода

Учество на Светско и Европско првенство во стрелаштво

4.   

Александар Јовановски

1988

ССРИ Кисела Вода

Учество на Светско и Европско првенство во стрелаштво

5.   

Страшко Коцевски

1963

ССРИ Куманово

учество на Меѓународни  Првенства во пинг понг, Црна Гора, Бугарија и Србија

6.   

Рубинчо Ристески

1980

ССРИ Прилеп

учество на Меѓународни  Првенства во пинг понг, Црна Гора, Бугарија и Србија

7.   

Зоран Јовановски

1977

ССРИ Струмица

учество на Меѓународни  Првенства во атлетика , Словенија, Бугарија и Србија,

8.   

Николчо Пеев

1984

ССРИ Гевгелија

учество на Меѓународни  Првенства во атлетика , Словенија, Бугарија и Србија

9.   

Гоце Миновски

1973

ССРИ Кисела Вода

учество на Меѓународни  Првенства во атлетика , Словенија, Бугарија и Србија

10. 

Елена Давидковска

1994

ССРИ Куманово

учество на Меѓународни  Првенства во атлетика , Словенија, Бугарија и Србија

 
СЕДМО МЕСТО ЗА ОЛИВЕРА НАКОВСКА БИКОВА НА ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО ВО СТРЕЛАШТВО, БЕЛГРАД 2018

1Македонските параолимпијци стрелци настапија на Европското првенство со воздрушно оружје што се одржа од 03-07.12.2018 година во Белград. Нашата репрезентација беше во состав: Оливера Наковска Бикова, Ванчо Каранфилов и Александар Јовановски (стрелци) и Бранимир Јовановски-тренер. На првенството учествуваа 122 спортисти од 27 држави.
Од македонските стрелци најдобар успех постигна Оливера Наковска Бикова освојувајќи го седмото место во финалето. Претходно, во квалификациите стрелаше 559 кругови и како третопласирана влезе во финалето. Во финалните борби работите не тргнаа како што посакувавме, и мораше да се задоволиме со седмото место. Сепак, влез во финале на голем спортски настан е достоен за почит.

Повеќе...
 
ЕКИПНО ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО ВО ШАХ

1На 02.12.2018 година, во ДХО „Даре Џамбаз“ во Скопје, во чест на одбележувањето на 3-ти Декември - Меѓународниот ден на лицата со инвалидност, Македонскиот параолимписки комитет го одржа екипното државно првенство во шах за лица со инвалидност. Настапија 4 екипи, а годинава редоследот изгледаше вака:
1.Сојуз на цивилни инвалиди од војната со 3 победи
2.Сојуз на слепи лица на РМ 2 победи
3. Мобилност Македонија 1 победа
4. Сојуз на глуви лица на РМ 0 победи
Претседателот Тихо Русовски го предаде преодниот пехар на капитенот на победничката екипа, Мусли Пајазити

Повеќе...
 
«ПочетокПред12345678910СледноКрај»

Страница 5 од 60
 

 

ams 
 
 mtsp
 
logoipc1
 
nsiom

Листа на забранети супстанци и методи за 2019 година

logo