Почетна страница
Добродојдовте
Напишано од Administrator   
23.11.2007.

Лого на ФСРИМ - МПКДобродојдовте на официјалната страна на Федерацијата за спорт и рекреација на инвалиди на Македонија - Македонски Параолимписки Комитет. Тука ќе најдете информации за работата на Федерацијата. Се надеваме дека оваа страна ќе ги задоволи Вашите барања. Благодариме на посетата.

Последно ажурирање ( 26.11.2008. )
 
Бронзен медал за Оливера Наковска - Бикова
Напишано од Administrator   
22.07.2010.

 Бронзен медал за Оливера Наковска-Бикова на Светското првенство во стрелаштво за инвалиди 15-25.07.2010 г. Загреб

 Светско првенство во стрелаштвоНа 22.07.2010 година на Светското првенство во стрелаштво за спортисти со инвалидност, на стрелиштето “Врапчански поток” во Загреб, во дисциплината воздушен пиштол - жени, македонската репрезентативка Оливера Наковска Бикова во конкуренција на 26 натпреварувачки го освои 3-то место и бронзениот медал со резултат од 462,4 (366 во основен дел) кругови. Првото место го освои Марина Клименченко од Русија со 477,9 (379) кругови, а второто Мјунгсун Парк од Јужна Кореја со резултат од 466,4 (369) кругови.

Последно ажурирање ( 22.07.2010. )
Прочитај повеќе...
 
Се „истопи“ медалот во брза стрелба
Напишано од Administrator   
21.07.2010.
Се „истопи“ медалот во брза стрелба

Македонската репрезентација во стрелаштво за инвалиди во состав Бранимир Јовановски, Оливера Наковска-Бикова и Ванчо Каранфилов денес го имаше првиот настап во дисциплината спорт пиштол. Во оваа дисциплина по првиот дел кога се стрела прецизно имавме резултат од 841 круг и бевме на првото место од шесте пријавени екипи. Меѓутоа во вториот дел од дисциплината, во брзата стрелба која е мошне специфична и бара многу автоматизам и концентрација, а пред се многу малокалибарски куршуми за тренинг, нашите спортисти потфрлија. За да се стекне автоматизам во брза стрелба потребен е “тон” муниција, а ние за жал имавме на располагање само “грамови”.

Последно ажурирање ( 21.07.2010. )
Прочитај повеќе...
 
Светско првенство во стрелаштво 2010
Напишано од Administrator   
21.07.2010.
Во Загреб отворено светското првенство во стрелаштво за лицата со инвалидност

Светско првенство во стрелаштво 2010Под покровителство на Јадранка Косор, Премиер на Хрватската влада, а во организација на Параолимпискиот комитет на Хрватска, минатата ноќ на плоштадот Бан Јелачиќ во Загреб беше одржана церемонијата на свеченото отворање на Светското првенство во стрелаштво за лицата со инвалидност. На церемонијата на отворањето на Светското првенство оваа година во Загреб присуствуваа голем број гости и претставници на градот Загреб, потоа специјалниот пратеник на премиерот и претставници на Меѓународниот Параолимписки Комитет (ИПЦ).

Последно ажурирање ( 21.07.2010. )
Прочитај повеќе...
 
Информација за заминување на репрезентацијата
Напишано од Administrator   
9.07.2010.

Прес КонференцијаСтрелачката репрезентација на Националната федерацијата за спорт и рекреација на инвалидите на Македонија – Македонски параолимписки комитет во состав: Бранимир Јовановски селектор, тренер и стрелец, Оливера Наковска-Бикова, Ванчо Каранфилов, и Лидија Крстеска – стрелци, Далибор Јовановски – асистент и Драган Дојчиноски – генерален секретар на НФСРИМ-МПК од 15-25.07.2010 година ќе учествува на Светското првенство во стрелаштво што ќе се одржи во Загреб, Хрватска.

Селекторот Јовановски планира репрезентацијата на пат за Загреб да замине три дена порано како би можеле да се адаптираат и да тренираат на стрелиштето во Врапчански поток.

Последно ажурирање ( 9.07.2010. )
Прочитај повеќе...
 
Од Активностите на ФСРИМ - МПК
Напишано од Administrator   
9.07.2010.
Дел од активностите на ФСРИМ - МПК.
Последно ажурирање ( 9.07.2010. )
Прочитај повеќе...
 
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 Следна > Крај >>

Резултати 1 - 11 од 36
 

Агенција за млади и спорт на РМ

 

 

Меѓународен Параолимписки Комитет

Национален совет на инвалидски организации на РМ