Иднината им припаѓа на натпреварувачите со големо срце
ОЛИВЕРА НАКОВСКА- БИКОВА
Биди добар, биди подобар…стани најдобар“
Под ова мото ,учениците од петто-2 и петто-4 одд.од ОУ „Ѓорѓи Сугарев“-Битола, со своите наставнички Наташа Тодоровска и Билјана Рахманова -Тасева имаа интерактивна средба со македонската параолимписка шампионка во стрелаштво, Оливера Наковска Бикова.
Настанот беше организиран на 28.02.2019 година во училишната библиотека со цел да се запознаат учениците со еден врвен спортист од Битола и Македонија, со нејзините постигнувања на светско ниво и како со труд се постигнуваат највисоки резултати во спортот.
Со својата скромност и емотивност во искажувањата Оливера ги освои срцата на љубопитните ученици и им раскажуваше за нејзините почетоци во стралаштвото кои почнаа во средно економско училиште. Со помош на видеоматеријали и фотографии од голем дел од нејзините постигнувања на екропски и светски првенства, параолимписки игри, успешно им ги доближи своите дострели, пред се објаснувајки го самиот чин на подготовки и тренинзи за големите натпреварувања.
Иако тренира во скромни услови кои ги обезбедиле пред повеќе од 20 год. таа воопшто не се пожали на тоа,туку на децата им објасни дека ако се сака нешто да се постигне,не требаат идеални услови туку многу труд и да се одвојува доволно време за тренинг. Резултатите потоа сами ке си дојдат. Таа идната година ќе учествува на (за неа петти) параолимписки игри по ред, овојпат во Токио 2020. Децата беа фасцинирани и од оваа информација.
Со посебна емоција го објасни својот однос со сите членови на македонската параолимписка федерација, а особено поддршката и мотивацијата која ја добива од својот колега, тренер и ментор Бранимир Јовановски.
Учениците поставуваа прашања на кои отворено и јасно им објаснуваше Дел од прашањата на кои се дискутираше:
1. Зошто го избравте овој спорт? Со какви услови за спортување со соочивте во нашиот град и државата?
2. Што значи параолимпијада? Од кога нашата земја се вклучи на параолимпијада и дали имаме учесници само во оваа дисциплина?
3. Какви успеси имате постигнато? Дали и која вие е омилената награда?
4. Кои дисциплини во стралаштво ги има?
5. Дали има можност младите да се занимаваат со стралаштво во нашиот град?
6. Дали би сакале вие да сте тренер и да формирате клуб за стралаштво?
7. Дали вашите деца би ги насочиле да тренираат стрелаштво или некој друг спорт?
8. Колку државата и градот го ценат вашето постигнувања и каква е нивната поддршка за освоените награди?
Учениците најмногу се радуваа на пехарите, медалите, дипломите и плакетите кои им ги покажуваше и ја објаснуваше нивната важност. Последниот го освои претходниот ден „Спортист на градот Битола“. Потоа следуваше изненадување за Оливера од страна на учениците кои за неа и нејзините успеси имаа подготвено поетски и ликовни творби, ГРСТ СТИХОВИ ЗА НАШАТА СПОРТСКА ХЕРОИНА. Интерактивните активности продолжија со натпреварување во игра пикадо. Учениците увидоа дека не е баш лесно да ја погодат целта, бидејки само со вежбање може да се погоди во центарот, а тоа го постигнуваат само врвните спортисти како нашата златна Оливера.
Оливера на оваа среба со учениците беше придружувана од нејзината ќерка Викторија, која инаку е одбојкарка. Таа, како и сите членови од нејзиното семејството се голема поддршка за Оливера,што и дава уште поголем мотив за нови успеси во дисциплините во кои настапува.
За пријатен прием во училиштето и можност за натамошна соработка се погрижија и директорката Валентина Петреска и психологот Нина Пожарска од кои ја доби поканата да биде и почесен гостин на патрониот празник на училиштето. Поканата е прифатена со воодушевување од страна на нашата Оливера.
По денешната средба едно е сигурно-учениците од Ѓорѓи Сугарев- Битола имаат нов спортски идол, а тоа е шампионката над шампионите, Оливера Наковска Бикова.
Поврзани објави
СПОРТСКИ НАТПРЕВАР ВО ЧЕСТ НА 11 НОЕМВРИ – ДЕН НА ОСЛОБОДУВАЊЕ НА КУМАНОВО
СПРОВЕДЕНА ОБУКА ЗА ПАРА СПОРТ ЛИДЕРСТВО ЗА ЖЕНИ
НА ПРИЕМ ВО МАКЕДОНСКАТА АМБАСАДА ВО ПАРИЗ