Натпревар во атлетика во Сарајево, БиХ
Од 27-29.05.2016 година, во Сарајево БиХ, беа одржани 13-те спортски игри на параплегичари и заболени од детска парализа на кои учествуваше и екипа на Мобилност Македонија во состав: Новча Тодоровски, Елизабета Тодоровска и Савре Бојковиќ. На игрите настапија 120 натпреварувачи од :Словенија, Македонија, Србија, Црна Гора, и домаќинот Босна и Херцеговина кој го претставуваанатпреварувачи од двата кантона, Федерација Босна и Херцеговина и Република Српска.
По сумирање на резултатите во атлетика, најуспешна екипа во машка конкуренција, во женска конкуренција како и во севкупен пласман беше екипата на Зеничко-Добојскиот кантон, за најуспешна натпреварувачка беше прогласена Алма Бајрамовиќ од Унско-Сански кантон (која учествуваше и на нашите спортски игри), а за најуспешен натпреварувач Душан Слана од Словенија.
Најдобрите поединци се закитија со медали и дипломи, а најдобрите екипи со пехари.
Поврзани објави
ПОДГОТОВКИ НА АТЛЕТИЧАРИТЕ СО ИНВАЛИДНОСТ, ПОДДРЖАНИ ОД ПРОГРАМАТА НА ИПЦ ЗА РАЗВОЈ НА НАЦИОНАЛНИТЕ ПАРАОЛИМПИСКИ КОМИТЕТИ ЗА 2024
ЗАВРШИ WPA 14. FAZZA DUBAI 2023 GRAND PRIX
WPA 14. Fazza Dubai 2023 Grand Prix – ЧЕТВРТИ НАТПРЕВАРУВАЧКИ ДЕН