НФСРИСМ – ПКСМ

Национална федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Северна Македонија – Параолимписко комитет на Северна Македонија

Избори 2009

Спроведени избори за мандатниот период 2009-2013 година

Федерацијата за спорт и рекреација на инвалидите на Македонија – Македонски параолимписки комитет на 25.02.2009 година одржа седница на изборно Собрание и ги избра органите и телата за мандатниот период 2009-2013 година. Претходно избори беа спроведени во 16 општински сојузи за спорт и рекреација на инвалиди.

Тие предложија (а на самата седница и им беше верифициран мандатот) вкупно 35 претставници за состав на новото Собрание на ФСРИМ-МПК и тоа на: ССРИ-Куманово: Бранимир Јовановски, Љубе Димитриевски, Спирко Јакимовски, ССРИ-Кисела Вода: Ванчо Каранфилов, Олга Ристовска, Коце Димов, Круме Митковски, од градот Скопје Дејан Ѓорѓиевски, Маријан Зафировски, Халил Халили, Александар Хамбов, ССРИ-Битола: Оливера Наковска Бикова, Тодор Стојовски, Васко Стефановски, ССРИ Кавадарци: Николчо Делов, Илија Влаиќ, ССРИ-Тетово: Драган Анѓелковски, Селковски Жарко, ССРИ-Прилеп: Рубинчо Ристевски, Александар Димоски, ССРИ-Струмица: Ѓорѓи Балтаков, Зоран Јовановски, ССРИ-Охрид: Екрем Азизовски, Зоран Новичиќ, ССРИ-Штип: Коце Витанов, Киро Шаламанов, ССРИ-Кочани: Живко Наумов, Ѓорѓи Веселинов, ССРИ-Велес: Ратко Пајдаков, Вангел Жабев, ССРИ-Струга: Орце Столески, ССРИ-Гевгелија: Александар Талески, ССРИ-Гостивар: Павле Филиповски, ССРИ-Кичево: Свето Василевски, ССРИ-Ресен: Ѓорѓи Бочкаровски.
На истата седница беше избран и Извршниот Одбор и Одборот за контрола на ФСРИМ-МПК. Претставниците на Собранието го избраа Извршниот одбор на ФСРИМ-МПК за мандатниот период 2009-2013 година и тоа: Ванчо Каранфилов од Скопје, Олга Ристовска од Скопје, Коце Димов од Скопје, Оливера Наковска-Бикова од Битола, Ратко Пајдаков од Велес, Драган Анѓелковски од Тетово, Рубинчо Ристески од Прилеп, Ѓорѓи Балтаков од Струмица, Коце Витанов од Штип, Александар Талески од Гевгелија. Согласно Статутот на ФСРИМ-МПК, претседателот на Собранието на ФСРИМ-МПК воедно е и претседател на Извршниот одбор и единаесеттиот член на ИО.
Одборот за контрола ќе го сочинуваат:Свето Василевски од Кичево, Орце Столевски од Струга и Николчо Делов од Кавадарци.